19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Решете се од нервозата во само неколку чекори

Многу луѓе чувствуваат нервоза и вознемиреност кога се соочуваат со проблем на работа, пред да имаат важен испит или кога треба да донесат важна одлука.

Меѓутоа, постои едно едноставно правило кое во краток рок ќе ви помогне да ја вратите контролата над својот ум. Тоа е правилото „5-4-3-2-1“.

Овој трик ќе ве врати во реалноста со активирање на сите пет сетила – вид, слух, допир, мирис и вкус.

Првиот чекор е, кога ќе почувствувате нервоза, погледнете во моментот околу себе и идентификувајте пет работи кои можете да ги видите во тој момент.

Потоа идентификувајте четири работи кои можете да ги слушнете, три работи кои можете да ги почувствувате и сите кои би можеле да ги намирисате. На крај, една работа можете да пробате.

Спонзорирано: