9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

НАСА забележала нешто необично на Марс, истражувач тврди дека агенцијата крие голема тајна

НАСА забележала камења на Марс кои наликуваат на структури настанати во Велика Британија и во Европа уште од праисториско време.

Во близина на Северниот пол на Црвената планета научниците идентификувале куп камења наредени во складен ред во вид на пруга. Сепак, НАСА не верува дека станува збор за вонземски структури.

– Што можело да ги подреди камењата во ваква складна структура? На Арктикот на Земјата, карпите се организирани со еден посебен процес. Повеќекратно замрзнување и одмрзнување на тлото може да избие карпи на површината и да ги организира во купови, пруги или дури кругови. На Земјата еден од овие температурни циклуси трае година, но на Марс може да трае многу подолго, наведуваат од НАСА.

Инаку, вселенската агенција претходно оваа недела е обвинета за криење докази за вонземски живот на Марс.

Бари ди Грегорио, истражувач од Универзитетот во Бакингем, открил дека роверот на НАСА пронашол траги од обилк на живот на Марс, но агенцијата намерно ги крие поради страв дека нема да има буџет за наредните мисии.

Спонзорирано: