20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев-Хекер: Македонија и Западен Балкан се приоритет на европските политики на Берлин

Премиерот Зоран Заев вчеравечер се сретна со Јан Хекер, советникот за надворешна политика на канцеларката на Германија, Ангела Меркел.

„Советникот Хекер му пренесе поздрави на премиерот Заев во име на канцеларката Меркел, со порака дека Република Македонија и земјите на Западен Балкан се меѓу главните приоритети на СР Германија кога се во прашање европските политики на нејзината земја“, соопшти Владата.

Господинот Хекер му пренел на премиерот Заев дека Берлин и понатаму внимателно ќе го следи процесот на разговорите за името на Република Македонија со Република Грција и дека го охрабрува дијалогот од кој се очекува решение кој на Република Македонија ќе ѝ го отвори процесот за членство во ЕУ и дека ќе се оствари отворената покана за полноправно членство во НАТО.

Спонзорирано: