3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: Велиме јасно НЕ за насилството врз жените

По повод Меѓународниот ден на жените се одржа јавен настан во организација на канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија насловен:

По ратификацијата – Што е следно по Истанбулската конвенција. На настанот присуствуваа бројни претставници на амбасадите во земјава, меѓународните и граѓанските организации и медиумите, а свои кратки обраќања на настанот имаа постојаната претставничка на ОН во Македонија, Луиза Винтон, премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за здравство, Венко Филипче. Фокус на дискусија на настанот беше важноста на ратификацијата на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, но и кои се следните чекори во планот за имплементација на конвенцијата.

Постојаната претставничка на ОН, Луиза Винтон ги поздрави Владата и Собранието за ратификацијата на Истанбулската конвенција и се заблагодари на заложбите на овие државни институции во напорите за подобрување на родовата еднаквост во земјата и борбата против родовото базирано насилство. Таа напомена дека ратификацијата на Истанбулската конвенција е многу важен исчекор, но имплементацијата е поголем предизвик на кој треба посветено да се работи.

„Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, дозволете најпрвин и јас да ја искажам мојата почит кон сите активистки кои неуморно работат и се залагаат за родова еднаквост. Вашата долгогодишна посветеност и борба резултираа со ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.Ве уверувам дека како претседател на Владата цврсто застанувам покрај вас и со вас бидејќи навистина нема родова еднаквост и еднакви можности се додека жените и девојките трпат насилство. Во таа насока, инсистирам и повикувам на координиран и скрен пристап на сите институции, сите министерства,во справувањето со родово заснованото насилство и во усвојувањето на потребните законски измени согласно обврските од Конвенцијата. Тука, координацијата помеѓу министерствата за труд и социјална политика, за здравство и за внатрешни работи е од клучно значење. Но, да не заборавиме дека ова е обврска на целата Влада, на целото општество кое мора цврсто да се спротивстави и да каже НЕ за насилството врз жените“, рече премиерот Заев.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ги објасни сите мерки и реформи кои се спроведуваат од министерството, како носител на реформите и политиките во оваа сфера и порача дека поради храброста на жените од нашата земја кои се приклучија на светскиот тренд на охрабрување да се проговори за насилството со кое се соочиле, денес конечно зборуваме за трансформација на нашето општество. Министерот за здравство Венко Филипче исто така се осврна на борбата против семејно и родово базирано насилство и најави обука и специјализација на здравствени работници во клиничкиот менаџмент на овие појави како и отворање на три центри за упатување на жртви во склоп на гинеколошко акушерската клиника во Скопје и болниците во Куманово и Тетово. Исто така, министерот Филипче најави и ревизија на Законот за абортус.

Спонзорирано: