12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Трамп се закани со данок од 25 проценти за европските автомобили

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја обвини Европската Унија дека го прави „практично невозможно“ американското тргување со нејзините земји членки, при што истакна дека евентуално воведување царини за европски автомобили би можело да ја промени ваквата ситуација во иднина.

„Европската Унија е особено тврда во однос на САД“, рече Трамп на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер, Стефан Левен, во Белата куќа.

„Тоа го прави речиси невозможен нашиот бизнис со нив, а тие, сепак, успеваат да ги пласираат своите автомобили во САД“, изјави Трамп, додавајќи: „Ако им воведеме данок од 25 отсто, верувајте ми, тоа нема да го прават уште многу долго“.

Прашан во врска со наводите дека Европската Унија го пратила во САД со цел да го предупреди Трамп да се откаже од плановите за воведување царини на челикот и алуминиумот, Левен рече дека го цени Трамп поради политиките кои одат во корист на неговата земја.

„Како членови на Европската Унија, мислам дека е важно за нас да најдеме начин да работиме заедно“, рече шведскиот премиер.

Овие коментари следуваат откако европските производители предупредија за планот на Трамп за воведување царини при увоз на автомобили.

„Европските производители во САД не сакаат само да извезуваат автомобили… Тие таму имаат големи производни капацитети, обезбедуваат работни места на локално ниво и плаќаат даноци на остварените приходи“, вели Ерик Јонаерт од Асоцијацијата на европските автомобилски производители (ACEA).

„Всушност, најголемите фабрики на некои европски производители не се во ЕУ туку во САД“, рече тој.

Спонзорирано: