4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Османи, Шекеринска, Саљији, Спасовски и Манчевски реферираа пред амбасадорите на ЕУ

Во просториите на Владата, заменик- претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со министерите за одбрана, Радмила Шекеринска, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда Билен Салији и за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски одржаа заедничка презентација на статусот на имплементацијата на Планот 3-6-9 пред Амбасадорите на земјите – членки на ЕУ.

„Имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 претставуваат основно мерило преку кое и администрацијата во Брисел, но и земјите – членки на Унијата ја градат довербата и поддршката за Република Македонија и нејзините европски и евроатлантски аспирации. Токму затоа, од наш интерес е да бидат директно и прецизно запознаени со текот на имплементацијата на Планот”, потенцираше Османи, во изјава за медиумите пред почетокот на средбата. Тој пред медиумите ги презентираше и сегментите кои ќе бидат претставени на амбасадорите како што е текот на имплементацијата на Планот, предизвиците, изградбата на општествен и политички консензус итн.

Османи потсети дека Република Македонија се наоѓа на нешто повеќе од еден месец од излегувањето на Извештајот на Европската Комисија , додавајќи дека очекува најдобар извештај досега, кој би бил проследен и со чиста и безусловна препорака. Тоа смета Османи, ќе биде најголема потврда дека Македонија повторно е вратена на европскиот колосек, што ја отвора шансата за приклучување кон динамиката 20-25 на Стратегијата.

„Секако, тоа не значи дека реформите по Извештајот ќе запрат, туку напротив, реформскиот процес продолжува, а конечно, очекуваме сиот овој напор да резултира и со одука на Советот на ЕУ за почеток на преговорите во јуни, и, согласно Стратегијата за проширување, да се приклучиме кон динамиката 2025 за полноправно членство во Европската Унија“, изјави Османи за медиумите.