11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кока кола го претстави својот прв алкохолен пијалок

Кока-кола планира да произведе алкохолен пијалок за прв пат во 125-годишната историја на компанијата, објави Би-Би-Си.

Производот – Чу хи е помеѓу 3% и 8% алкохол по волумен.

Високиот извршен директор на Кока-Кола во Јапонија изјави дека овој потег е “скромен експеримент за одредено парче на пазарот”.

“Ние претходно не сме експериментирале во категоријата со низок алкохол, но тоа е пример за тоа како ќе продолжиме да ги истражуваме можностите надвор од нашите основни области”, рече Хорхе Гардуно, претседател на Кока-Кола во Јапонија.

Тој додаде дека е малку веројатно дека пијалакот ќе се продава надвор од Јапонија.
Новиот пијалок се смета за алтернатива на пивото, што е особено популарно кај жените.

Спонзорирано: