13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грците нервозни по изјавата на Заев во која го кажа ова

Грчките медиуми со остри критики по вчерашната изјава на македонскиот премиер, Зоран Заев, кој рече дека и Грција треба да го отвори својот устав за да се види како јужниот сосед се грижи за својот народ надвор од државата.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ упати остри критики кон македонската страна дека сè повеќе зацврстува одредени позиции, како што се одбивањето на непреведено име, промена на Уставот, промена на името за внатрешна употреба итн.

Како што пренесуваат грчките медиуми, македонскиот премиер како одржливо решение за спорот за името предложил меѓународната спогодба да биде потпишана и ратификувана, наместо, како што е наведено, да се менува уставот на неговата земја.

„Многу е важно да се примени она што светот го знае, а ова е добро позната меѓународна практика за решавање вакви спорови – меѓународните договори, ратификациите во парламентите, одлуките на ОН – а потоа (решението) ќе биде вечно. Убеден сум дека со ваквите пристапи, земајќи го предвид она што е важно за граѓаните на Грција и Македонија, можеме да најдеме решение за спорот што го имаме со Грција”, рече Заев.

„Не треба да поставуваме црвени линии ако сакаме да најдеме решение. Мораме да се грижиме еден за друг за да го зачуваме достоинството на двете земји и на двата народа и, во секој случај, да го зачуваме она што се чувствува, а тоа е идентитет. Идентитетот се чувствува, никој не може да преговара. Верувам дека, во овој дух, со внимателно приближување кон партнерите со кои преговараме, ќе најдеме решение “, нагласи Заев.

Спонзорирано: