17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Словачки министер си поднесе оставка поради неодамнешната ликвидација на новинар

Словачкиот министер за култура, Марек Мадарик, му ја предаде својата оставка на претседателот Андреј Киска, која претходно ја најави.

Тој на ваков потег се одлучил затоа што не можел да се помири со фактот дека за време на неговиот мандат бил ликвидиран истражувачкиот новинар, Јан Кучијак, кој пишувал текстови за корупција и поврзаност на организираниот криминал со државната власт.

„Денес е јасно дека мора да се извршат некои промени во владата. Можеби доколку одредени промени се случеа во текот на минатата недела, ситуацијата ќе беше помирна. Ако сега се случат промени, тие ќе бидат изнудени, а тоа е сосема поинаку“, изјави Мадарик за новинарите откако му ја предаде својата оставка на словачкиот претседател.

Министерот за култура во владата на премиерот Роберт Фицо, без да чека прозивка одлучи да поднесе оставка вечерта на 25 февруари, кога полицијата ги пронајде застрелани Јан Кучијак, новинар во порталот Aktuality.sk и неговата свршеница Мартина Кушнирова. Полициската истрага покажа дека причина за ликвидацијата најверојатно е работата на младиот истражувачки новинар.

Словачка остана во шок по бруталното убиство на младата двојка која планирала свадба за напролет. Во Братислава и неколку други градови, десетици илјади Словаци во петокот му оддадоа почит на 27-годишниот новинар и од словачката влада побараа итно да се пронајдат убијците и организаторите на нападот.

Премиерот, Роберт Фицо, понуди еден милион евра за релевантни информации кои би помогнале да се открие убиецот, но словачката јавност се порешително бара оставка од министерот за внатрешни работи, Роберт Калињак, бидејќи се верува дека тој ја попречува независната истрага и откривањето на можната поврзаност на владејачката партија SMER со калабриската мафија, за која Кучијак ја пишувал својата последната статија што остана недовршена.

Спонзорирано: