3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германија бара работници, се нудат високи плати: Ова се отворените работни позиции

Бројот на слободни работни места во Германија достигна рекордни 1,2 милион во последниот квартал од минатата година, соопшти Иинститутот за истражување на пазарот на труд (ИАБ).

„На крајот на 2017 година во Германија имало 1,18 милиона слободни работни места, што е 128.000 повеќе во споредба со истиот период во 2016 година и 83.000 повеќе во споредба со претходниот квартал“, изјавил Александер Кубис од ИАБ.

Најголема побарувачка има во преработувачкиот сектор и во градежништвото. Градежните претпријатија во моментот имаат потреба од речиси 100.000 работници од разни профили.

Најбарани занимања во Германија се мехатроничари, електротехничари, медицински техничари, програмери, инженери од сите профили, како и лимари и водоинсталатери.

Традиционално, голема потреба има и од медицински персонал, а во последно време владее недостиг на инструктори за возење, што е поврзано со недостигот од возачи на автобуси и камиони.