13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Тевдовски: Повратот на ДДВ зголемен за 56 отсто во првите два месеца од годинава

Повратот на ДДВ во првите два месеца од годинава е за дури 56% повисок од истиот период од 2017 година, односно за двата месеца се вратени 1,4 милијарди денари повеќе во стопанството, изјави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски, по одржувањето на Комитетот за финансиска стабилност во Народната банка.

„Согласно со податоците на Министерството за финансии, ова е позитивен тренд кој продолжува од 2017 година. Минатата година реализиран е поврат на ДДВ за 2,2 милијарди денари повисок во однос на 2016 година, односно 12,2 отсто повисок. Повратот на ДДВ кон фирмите се прави навремено и неселективно, што е значаен импулс за поддршка на нивните редовни активности и инвестиции“, посочи Тевдовски.

Според министерот за финансии и гувернер, Димитар Богов, нестабилноста која беше предизвикана од домашните политички превирања во април и мај 2016 година е целосно надмината и финансискиот систем е стабилен и функционира нормално, без какви било потреси.

„Фискалната политика е во насока да се задржи стабилноста во економијата и финансискиот сектор, како и да се поттикне економскиот раст. За првпат по осум години има намалување на државниот и јавниот долг на годишно ниво. Еврообврзницата е издадена во најоптимално време и по најдобри можни услови со што се превенираат ризиците од движењата на финансиските пазари“, рече Тевдовски.

Спонзорирано: