11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ ја навреди дијаспората дека е примитивна, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ја навреди целата македонска дијаспора дека е примитивна и ја поистовети со еден изолиран случај само затоа што иселениците имаа храброст да го кренат гласот против антидржавните политики на Зоран Заев. Истиот тој Зоран Заев пред две години се смееше, ликуваше и аплаудираше кога хулигани дивееја, палеа фотографии од претседателот Ѓорге Иванов и демолираа институции, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, во однос на политички притворените патриоти за 27 април, Заев изјави дека немал намера да влијае врз судовите, а претходно бараше ослободување од притвор на сите невини. „Лицемерието на СДСМ ги урива сите граници. Додека се водат антидржавни политики, се етикетира и се шиканира секој кој размислува различно од владејачката структура.
Оваа недемократска власт се поигра со судбините на десетина патриоти кои застанаа јавно против штетните политики на Зоран Заев и за нивната смелост лажно се обвинети за тероризам“, е ставот на опозицијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, десетина патриоти неосновано се обвинети и се наоѓаат во притвор без за тоа да постои реална причина. „Загриженост за владеењето на правото покажаа и Народниот правобранител и Комесарот за човекови права при Советот на Европа, но за притиснатото судство тоа не е доволна причина да почнат да го применуваат правото. Политички се прогонува секој што не се согласува со криминалното дејствување на владата на СДСМ, а за таа цел се користат институциите на системот. Обвинителството е насочено исклучиво кон гонење монтирани дела по нарачка на СДСМ, додека за гонење криминал го нема.
Правосудните органи мора да се издигнат над ситуацијата и да почнат да го применуваат правото. Република Македонија не смее да биде единствената држава во Европа во која во 21 век постојат политички затвореници. Мора да стане држава каде што владеењето на правото ќе биде основен принцип на правосудниот систем и со тоа нема компромиси. Сите институции и општествени чинители мора да работат во таа насока“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: