12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Реднап: Анти-фудбал на Челси

Тактиката со која Челси на Антонио Конте му се спротивстави на Манчестер Сити ја разочара целокупната фудбалска јавност во Англија.

Актуениот шампион на Англија одигра „бункер“ против Сити чии фудбалери беа конкретни, имаа посед на топка од 71 отсто, а само поради ултра дефанзивната поставка на „сините“ забележаа само минималне триумф (1:0).

Статистиката покажува дека „граѓаните“ упатиле 13 удри кон голот на Куртоа и дека имале неверојатни 902 додавања. Челси натпреварот го одигра без класичен напаѓач, а играчите на Конте упатија само три удари, но ниту еден од нив не заврши во рамките на противничкиот гол.

Гери Невил за „Скај Спортс“ рекол дека играта на Челзи била „неприфатлива“ и дека неговите фудбалери делувале како „манекени“, а поранешниот играч на Ливерпул и англиската репрезентација, Џејми Реднап упати ужте пожестока критика.

„Ова беше анти-фудбал, она што тие го направија е злостор врз фудбалската игра. Челси требаше да го предаде мечот уште пред тој да започне“, рекол Реднап.

На критиките кои на негова адреса пристигнуваат од сите страни, Конте кратко одговорил „дека не е луд како Арсенал и да се отвори, па потоа да прими три или четири гола.“

Поразот од Сити е четврти во последните пет кола за Челси. „Сините“ се на петтата позиција во Премиер лигата со неверојатни 35 бода помалку од лидерот Манчестер Сити.

На девет кола до крајот од првенството Челси има пет бода помалку од четвртопласираниот Тотенхем.

Спонзорирано: