5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

НБРМ: Банките се стабилни и отпорни на шокови

Ризиците во банкарскиот систем се минимални. Краткотрајната нестабилност која беше предизвикана од домашните политички превирања во април и мај 2016 година е целосно надмината, ова било заклучено на петтата седница на Комитетот за финансиската стабилност, на кој присуствуваа министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, како и високи претставници од двете институции.

„Банките со својата висока капитализираност и ликвидност се стабилни и отпорни на шокови. На седницата се изнесоа и основните принципи на европската директива за закрепнување и решавање на банка со проблеми пришто се разгледаа условите за нејзина примена во РМ, како и можностите за назначување орган надлежен за решавање на овие банки. Исто така, беше разгледан растот на кредитирањето од страна на финансиските друштва“, соопшти Народната банка.

Спонзорирано: