9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Червар направи промени во стручниот штаб

Лино Червар откако остана на селекторската позиција во ракометната репрезентација на Хрватска, реши да направи неколку промени во стручниот штаб.

„Три важни акции имаме оваа година. Квалификациите за СП против Црна Гора, квалификациите за ЕVРО 2020 и Медитеранските игри“, рекол Червар. Тој во понеделникот го објaви списокот на играчи за пријателските натпревари со Шведска, на почетокот на наредниот месец.

Прв помошник на Червар ќе му биде Давор Доминиковиќ, а тренер на голманите ќе биде прославениот Мирко Башиќ. Игор Вори, кој ја заврши репрезентативната кариера, а сè уште е активен во дресот на ППД Загреб, ќе биде новиот директор на репрезентацијата.

„Прв помошник ќе ми биде Доминиковиќ, олимпиец и светски првак. Тренер на голманите ќе биде Мирко Башиќ. Игор Вори ќе биде директор на репрезентацијата. Ќе ја заврши кариерата и ќе ѝ се посвети на репрезентацијата“, рекол Червар.

Инаку, покрај Вори, по ЕП на кое Хрватска го освои петтото место од националниот дрес се простија уште четворица играчи: Алиловиќ, Чупиќ, Копљар и Гојун.