Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Нова цена на горивата во Македонија – Колку ќе поскапи дизелот овој пат?

фото Pixabay

Пред скоро две недели Регулаторна Комисија за Енергетика ја донесе новата одлука за цените на горивата. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалија во просек за 6,19%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат со одлуката за 2,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.02.2018 година.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 57,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува со одлуката за 1,243 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 05.02.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,856 ден/кг.

Во понеделник следи нова цена на горивата во Македонија. Неколку недели цената се зголемуваше, по што и дизелот ја премина границата од 60 денари, а со последните две одлуки цената се намалува.