10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија во тага – двајца починати

На 03.03.2018 година околу 10.30 часот на стариот пат Охрид-Струга, во близина на река Сатеска, било пронајдено непознато починато машко лице.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и притоа било констатирано дека се работи за лицето Д.С.(60) од Охрид, кој на 07.02.2018 година бил пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга Н.С.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Исто така На 03.03.2018 година во 11.20 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Г.С. (47) пријавил дека во водите на Дојранското езеро, на место викано „Мрдаја“ пронашол починато машко лице.

Телото било изваден од езерото, а увид на местото извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија.

М.С. (33) од Гевгелија извршила препознавање и потврдила дека починатото лице е нејзиниот татко Ѓ.А. (63) од Нов Дојран, кој на 15.12.2017 година бил пријавен за исчезнат.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција

Спонзорирано: