14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Агенцијата за вработување на слеп маж му понудила работа возач на автобус

Невработен Словенец од заводот за вработување добил итна порака да се јави на конкурс за работа возач на автобус, но одговорните веднаш му се извиниле откако случајот го објавил на социјалните мрежи, со опис дека е целосно слеп и како таков е неспособен за таа работа.

Себастијан Каменик од Цеље за телевизиската станица POP-TV рекол дека во младоста навистина имал желба да стане возач на автобус.

Таа желба, на крај, речиси и му се исполнила.

„Наречете го тоа трагикомичен или морбиден случај, како сакате“, рекол тој.

„Сфаќам дека службениците во заводот ја работат својата работа и рутински ги испраќаат известувањата за расположливите работни места бидејќи мораат да ги исполнат своите квоти“, рекол Каменик.

Спонзорирано: