3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ја извалкала честа на семејството: Со нож ја избодел својата 17-годишна бремена сестра

Ужасен злочин, речиси со фатални последици, се случил во германски Лаупхајм. Бегалец од Палестина, 20-годишник, и забил нож во гради на својата бремена 17-годишна сестра, а потоа ја исекол по лицето.

Нејзиниот „злочин“: Се заљубила во 26-годишник, исто така бегалец, и сакала да го напушти 34-годишниот сопруг. Посебно шокантно: Наводно членовите на семејството снимале додека момчето со нож ја повредувало сестрата.

Жртва е девојката Ала која во Германија стигнала од Палестина преку Либија. Кога имала 15 години, семејството ја омажило за 17 години постар Сириец. Во овој брак има син, а сега е повторно бремена.

Неодамна се заљубила во 26-годишниот Џамал, исто така бегалец, кој живее во соседниот град Биберах. Тоа не им се допаднало на членовите на нејзиното семејство па братот брутално се пресметал со 17-годишната девојка, иако Ала, целата крвата, молела да не ја повредува.

Со чудо го преживеала нападот, а напаѓачот избегал со својата законска сопруга. Уапсени биле следниот ден и обвинети за обид за обиство.