12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Живот во Македонија: Литар нафта за 30 денари

50 проценти пониска цена на нафтата за оние на кои им е најпотребна. По долги години се враќа зелената нафта во Македонија.

Програмата За Живот во Македонија полека, но сигурно почнува да биде опиплива и за обичниот народ.

Земјоделците ќе добијат поевтина, зелена нафта. Според проценките, оваа мерка ќе почне да функционира кон средината на 2018, а цената на зелената нафта ќе биде поевтина за 50%, што значи доколку денес би функционирала ваквата мерка цената на литар нафта би била неполни 30 денари, нешто што беше незамисливо за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

Законските измени со кои ќе се овозможи зелена нафта предвидуваат секој земјоделец да добие електронска картичка и со неа да купува нафта на бензинските пумпи.

 

Со предлогот, на земјоделците ќе им се овозможи за 50 проценти поевтина нафта.

За 2018 година за поддршка на зелената нафта се предвидени околу 5 милиони евра.

Сепак на почетокот на оваа година нафтата поскапи за сите за 3,5 денари со воведувањето на акцизата. Нафтата во цела Европа поради енормното загадување од овој дериват оди во нагорна линија, а државите субвенционираат средстсва граѓаните да обезбедат возила на електричен погон.

Спонзорирано: