12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицајката проговори: Бекир Асани не ме тепаше, несакајќи самата се удрив во пајак возилото

Во текот на вршењето редовна контрола забележав неколку возила непрописно паркирани. Според процедурата, возилата ги фотографиравме и започнавме со нивно подигање. Во тој момент пристапи едно непознато лице, за кое подоцна разбрав дека станува збор за Б.А., и почна да вика. Веднаш повикав засилување и дојдоа поголем број полициски службеници, раскажува полицајката Јасмина Јаначковска, која вчера беше вербално нападната од Бекир Асани, функционер на ДУИ, при извршување на работна задача.

Полицајката денеска имаше средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, која се одржала на негово барање за директно да слушне детали во врска со вчерашниот инцидент што се случи на паркингот кај плоштадот Скендербег кај ТВ „Мавровка“.

На прашањето од министерот дали имало каков било физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош, Јаначковска објасни дека со лицето Б.А. имала само вербална расправија, меѓутоа при повлекување од местото на настанот таа се удрила со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не добила сериозна повреда, што било констатирано и при лекарскиот преглед во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Министерот Спасовски ѝ оддаде признание на Јаначковска за нејзиното професионално постапување и истакна дека ги охрабрува сите полициските службеници да постапуваат неселективно и професионално во согласност со своите законските овластувања.

Спонзорирано: