9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Цел живот го јадете за подобро здравје, но сè правите погрешно

Лукот е исклучително здрав. Со цел максимално да го искористите неговиот лековит потенцијал следете ги советите кои ви ги донесуваме и не ги правете овие грешки.

Термички го обработувате: Готвењето или печењето на лукот е прифатливо доколку сакате да го подобрите вкусот на јадењата. Меѓутоа, со термичката обработка лукот ја губи вредната состојка – алицин. Таа се активира за време на џвакање или сечкање на лукот.

Но, топлината ја намалува концентрацијата на алицин со што автоматски се намалува и лековитиот ефект. Затоа, лукот изгмечете го 10 минути пред готвење, па подгответе го на умерена температура не подолго од 15 минути.

Користите суплементи: Со цел да го избегнете лошиот здив, веројатно се одлучувате на користење лук во гранули. Ниту една замена или преработка не е еднакво лековите како свежа намирница.

Употребувате лук кој не е свеж: Кога го користите или купувате, секако изберете ја насвежата можна варијанта. Идеално би било кога би набавиле лук со органско потекло.

Штедите: Доколку сакате да се решите од инфекции, едно мало чешне нема да ви биде доволно. Дневно консумирајте две до три чешниња.

Ги занемарувате пробиотиците: Со оглед на тоа што лукот е антибиотик, во голема мера може да влијае на цревната флора. Не заборавајте во организмот да внесете и пробиотици доколку се лечите со лук.

Не се храните здраво: Самиот лук не може да ги реши вашите здравствени проблеми, затоа ќе морате да се одвикнете од лошите навики. Избегнувајте бел шеќер, преработена храна…

Спонзорирано: