9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Изложба „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“

По повод 70-годишниот јубилеј од создавањето на Националната галерија на Македонија, а во чест на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Националната галерија ќе ја реализира изложбата под наслов „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“.

Изложбата ќе биде поставена во објектот Чифте амам, а ќе биде отворена на 7 март (среда), во 19 часот и ќе трае во текот на месец март. На отворањето на изложбата обраќање ќе имаат професорот Ферид Мухиќ и Зорица Заева.

„Со почит кон светскиот ден на одбележување на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, претставуваме избор од шеесеттина дела од жени авторки застапени во Колекцијата на Националната галерија на Македонија. Во рамките на ова претставување ќе бидат изложени дела од македонските авторки од различни генерации, од првите авторки од Колекцијата на НГМ до денес и дела од жени-уметници од Југословенската колекција“, се вели во најавата за изложбата.

Спонзорирано: