17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Во Дебар лани најголем број пожари во последните четири децении

Минатата година во општината Дебар и поширокиот регион на Жупа и Река е регистриран најголем број пожари во последните четири децении. Противпожарната територијална единица во Дебар во 2о17 година евидентирала 615 интервенции, а материјалната штета изнесува над 8,7 милиони денари. Ова се нагласува во извештајот за активноста на Противпожарната единица во Дебар, кој денеска беше усвоен на седницата на Советот на Општината. Раководителот на единицата, Џетан Мифтаровски, нагласи дека најголемиот број пожари – 107 биле евидентирани на отворен простор, а 38 се евидентирани на објекти.
Советниците побараа, покрај средствата што со буџетот се одвојуваат за работата на оваа единица, Општината со свои средства да учествува во активноста на единицата и локалните самоуправи на општините Центар, Жупа и Маврово-Ростуше бидејќи противпожарната единица гаси пожари и во наведените две рурални општини.
Советот на Општина Дебар денеска ги усвои и програмата за уредување градежно земјите во општината за оваа година, програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Дебар, како и други програми од областа на урбанизмот.
Претставникот на Општината, Или Мирзо, информира дека и покрај големите снежни врнежи во општината, нема застој на сообракајот како на регионалните патишта така и на руралните патишта бидејќи локалната власт во согласност со програмата врши чистење на снегот во континуитет. К. М.
Спонзорирано: