14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Стечајците чекаат СДСМ да ги исполни своите ветувања

„Министерството за труд и социјална политика предводено од Мила Царовска пука по сите линии и не успева да одговори на потребите на граѓаните и обврските што ги има.
Изневерени се очекувањата на пензионерите кои се надеваа дека ќе продолжи зголемувањето на пензиите почнато од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Малолетни девојчиња се силуваат по домовите, а изманипулирани се и стечајните работници“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Царовска.
Според опозициската партија, над 7.000 стечајни работници остануваат надвор од законскиот опфат.
„Додека Царовска се слика на владини прес-конференции, над 7.000 стечајци се борат за својата егзистенција.
СДСМ и Царовска од опозиција ветуваа експресно и целосно решавање на статусот на стечајните работници, за сега повеќе од 60% од стечајците да останат надвор од регулација со законот кој денес го најавија. Од поднесени над 12.000 барања, власта првично опфати едвај 2.500. Стечајците чекаат СДСМ да ги исполни своите ветувања“, се вели во реакцијата.
Спонзорирано: