20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ повикува Законот за јазици да се повлече и да се отвори поширока дебата

На работните групи во Собранието во кои учествува ВМРО-ДПМНЕ не се разговара за Законот за двојазичност. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за двојазичност е непроменет. Ние сметаме дека Законот за двојазичност излегува надвор од Уставот, истиот е неприменлив и не само што не придонесува за поголема кохезивност во македонското општество туку носи и ризици кои можат да предизвикаат далекусежни последици, се вели во реакцијата на опозициската партија во врска со брифингот на Талат Џафери за законот за јазици.
„Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни. Не смее да се повтори грешката и на мала врата, без соодветна дебата, со незаконско исцртување на европско знаменце, вакви чувствителни решенија да се носат во скратена процедура. ВМРО-ДПМНЕ повикува законот да се повлече и да се стави на поширока дебата во која би партиципирале и експерти. Овие конструктивните барања, за жал, не наидоа на соодветен прием и заради тоа нашата пратеничката група предложи амандмани за да се коригира спорната содржина. Очекуваме Собранието да го почитува деловникот и Законот за Собрание и да ги разгледа предложените амандмани“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ..
Спонзорирано: