13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пресврт по шпекулациите: Еве чиј предлог е екс министерот Лазар Еленовски за пратеник на Македонија во НАТО

ДУИ потврдува дека Лазар Еленовски е назначен како специјален пратеник на Владата во НАТО, како кадровско решение на предложено од оваа партија.
„Со оглед на објавените информации во јавноста за назначувањето на Лазар Еленовски како специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел, би сакале да ја информираме јавноста, дека Лазар Еленовски, исто како и во 2012 година, кога беше назначен за амбасадор во Брисел, така и сега, назначен е како специјален пратеник на Владата во НАТО, како кадровско решение предложено од ДУИ“, соопшти ДУИ.
Според партијата, Еленовски претставува исклучително стручен познавач на евроатлантските интеграции и со своето знаење и експертиза ќе обезбеди значаен придонес во евроатлантските аспирации на Република Македонија.

 

Спонзорирано: