10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерството за одбрана бара да се вклучи во антикорупцискиот индекс на „Транспаренси интернешнл“

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, се сретна и разговараше со Методи Зајков, генерален секретар на „Транспаренси интернешнл“ за Македонија и Каролина Меклахлан, менаџер за истражување и политика – конфликти и небезбедност од меѓународната канцеларија на организацијата. На средбата Министерството за одбрана го изрази својот интерес да биде вклучено во Антикорупцискиот индекс на „Транспареси интернешнл – одбрана и безбедност“, преку кој се вршат проценки на ефективноста и зајакнувањето на институционалните и неформалните контроли во справувањето со ризикот од корупција во одбраната и безбедносните институции.
Целта на вклучувањето ќе биде да се подобри работата на институциите од одбраната и безбедноста на Република Македонија, да се зајакне нивната антикорупциска агенда и на тој начин да се зголеми довербата во нив. Неколку од земјите од регионот (Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина) веќе се вклучени во антикорупцискиот индекс на „Транспареси интернешнл“, но, за жал, тоа не било случај со Република Македонија.
Министерството за одбрана и Владата со овие чекори ја истакнуваат својата силна политичка волја за поголема транспарентност, одговорност и вистинска борба со корупцијата, соопшти МО.
Спонзорирано: