14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Јапонските деца ги одбраа маскотите за ОИ во 2020

Олимписките и параолимписките игри во 2020 година ќе се одржат во Токио, а домаќинот денес ќе престави симболите и маскотите на најголемата спортска смотра.

Организаторите на Игрите во Токио ги преставија маскотите кои наликуваат на Паверпаф грлс. Во гласањето учествувале 6,5 милиони ученици од основните училишта во Јапонија, а резултатите од гласањето биле презентирани во Хојонмори Гакуен училиштето во Токио пред 600 ученици. Инаку преку лајфстрим настанот бил проследен во сите училишта кои што учествувале во гласањето.

Во потесниот избор влегле три предлози, а победил дизајнот на 43-годишниот уметник од Фукуока, Рио Танигучи.

Дизајнот на Танигучи се обидува да ги поврзе традиционалните вредности со футуристичкиот изглед и на тој начин да го престави концептот „иновација низ хармонија“ што е основната визија на Игрите во Токио.

Организаторот соопшти дека маскотите дополнително ќе ги добија своите имиња.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 24.јули до 9.август 2020 година.

Спонзорирано: