20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единицата за недозволена трговија со дрога наградена за заедничка акција со албанската полиција

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одржа работна средба со генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа, Снежана Малеева. Спасовски и Малеева разговараа за натамошната соработка во заедничката борба против криминалот, со посебен акцент на борбата против организираниот криминал, потенцирајќи ја поддршката во реализирањето заеднички операции, оперативни случаи и истраги.
И директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, оствари работна средба со генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа, на којашто беше истакната одличната оперативна соработка на Република Македонија со СЕЛЕК. Малеева на Единицата за недозволена трговија со дрога при МВР ѝ додели награда за успешно завршената операција со кодно име „Координација“, спроведена заедно со полицијата на Република Албанија.
Спонзорирано: