11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев и Тевдовски на средба со лидерот на лабуристите: Едно општество за сите е заедничка заложба на социјалдемократите

Во рамките на посетата во Лондон, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, заедно со членот на Извршниот одбор на СДСМ и министер за финансии, Драган Тевдовски, се сретнал со лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, и потпретседателката Емили Торнбери од најголемата социјалдемократска партија во Европа.

Како што информираат од СДСМ, на средбата на социјалдемократите од Република Македонија и Велика Британија биле афирмирани заедничките заложби за создавање едно општество за сите – инклузивно општество базирано врз принципите на социјална правда со фер даноци и поддршка за ранливите групи.

Заев ги информирал колегите од Велика Британија за демократските реформи што се спроведуваат во Република Македонија, имплементацијата на економските и социјалните мерки, како и напорите што ги прави Владата за интеграција во ЕУ и НАТО.

Лидерите на Лабуристичката партија во Велика Британија, Корбин и Торнбери, изразиле поддршка за активностите на Владата предводена од премиерот Заев за која рекле дека ја вратила стабилноста во Република Македонија и ги подобрила односите со соседите, се наведува во соопштението од СДМС.

Спонзорирано: