4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сириските жени сексуално злоупотребувани во замена за храна

Жените во Сирија се сексуално експлоатирани од страна на мажите што испорачуваат помош во име на ООН и меѓународните добротворни организации, открива Би-би-си. Хуманитарни работници за Би-би-си рекле дека храната била разменувана за сексуални услуги.

И покрај предупредувањата за злоупотребата пред три години, најновиот извештај покажува дека злоупотребата на жените продолжува на југот на земјата.

Агенциите и хуманитарните организации на ОН велат дека имаат нулта толеранција за експлоатација и не знаат за какви било случаи на злоупотреба од партнерските организации во регионот.

Работниците за помош за Би-би-си изјавиле дека експлоатацијата е толку распространета што некои сириски жени одбиваат да одат во дистрибутивни центри бидејќи луѓето ќе претпостават дека ги понудиле своите тела за помошта што ја донеле дома.

Еден работник тврдел дека некои хуманитарни агенции замижале пред експлоатацијата бидејќи користењето трети страни и локални службеници е единствениот начин да се добие помош во опасните делови во Сирија, каде што меѓународниот персонал нема пристап.

Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) минатата година спроведе процена на родовото насилство во регионот и заклучи дека хуманитарната помош се разменува за секс во разни делови во Сирија.