19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сибирска зима во Македонија до крајот на неделава: Температури до -10, а потоа пресврт

Времето денеска ќе преовладува променливо облачно и студено со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува.

Во Скопје променливо облачно со повремен снег рано претпладне како и во вечерните часови.

До четврток ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, претежно во западните и источните делови.

Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, а најстудено ќе биде в четврток кога утринската температура на повеќе места ќе се спушти под минус 10 степени.

В петок ќе има врнежи од дожд и снег, а позначително затоплување со локални врнежи од дожд ќе има за време на викендот.

Спонзорирано: