7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Министерот за економија си поднесе оставка кога неговата сопруга доби отказ – детали за политичката драма во Грција

Грчкиот министер за економија, Димитрис Пападимитриу, поднесе оставка на функцијата кога неговата сопругата, Рања Андонопулос, која беше државна секретарка за труд во грчката влада, беше отпуштена од работното место.

Скандалот избил кога сопругата на министерот барала и добила надомест за станарина и покрај тоа што таа и нејзиниот сопруг се имотни, пренесуваат грчките медиуми.

„Премиерот Ципрас ја прифати оставката на министерот за економија, Димитрис Пападимитриу“, се наведува во краткото соопштение од владата.

Рања Андонопулос, која беше државна секретарка за труд, вчера била принудена на оставка по објавувањето дека добила месечен надомест за станарина од 1.000 евра предвидени за вработени во владата и за министри, односно 23.000 евра за две години, што не е легално.

Таа е во грчката влада од јануари 2015 година, а нејзиниот сопруг од ноември 2016 година.

Тие официјално живеат во САД, каде што двајцата работат во Економскиот институт во американската сојузна држава Њујорк.

Рања во 2015 година пријавила дека има акции во фирма во вредност од 340.000 долари и приход од 70.000 долари годишно, а сопругот 2,7 милиона долари во акции и приход од над 450.000 долари.

Аферата со надоместот за станарина минатата недела ја откри весникот близок до десничарската опозиција „Елефтерос типос“, што ја доведе во незгодна положба левичарската влада, чиј народ е тешко погоден од мерките за штедење поради финансиската криза на земјата и наметнатите реформи.

Владата веднаш објави дека го укинува надоместокот за станарина за министрите.

Спонзорирано: