10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Погба си оди од Јунајтед ако остане Мурињо

(МИА) – Французинот Пол Погба кој на „Олд Трафорд“ дојде како огромно засилување, е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед, доколку Жозе Мурињо остане на тренерската позиција.

– Работите сега се јасни, Погба рекол дека не сака да остане, ако Мурињо остане. Тој е подготвен да си замине, открива извор близок до Погба, кој е многу критикуван во последниов период поради послабата страна, пренесуваат англиските медиуми.

Се очекуваше дека играта на Манчестер да се базира на Погба и тој требаше да биде лидер на новата генерација на Јунајтед, а сега се се менува како резултат на неговиот однос со Португалецот.

Спонзорирано: