Пред околу еден час се случила сообраќајна несреќа кај надвозникот во скопската населба Ѓорче Петров, каде што се судриле два автомобили, дознава „Фокус“.

Според првичните информации, во сообраќајката полесно повредена е ќерката на познатата актерка Шенка Колозова.

Таа се наоѓа надвор од животна опасност.

Патот накај Волково е блокиран.

Се чека потврда од Министерството за внатрешни работи.

Повеќе информации очекувајте наскоро.