10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јилдирим: Турција може да ја неутрализира секоја закана

(МИА) – Турскиот премиер Бинали Јилдирим порача дека Турција може да ја „неутрализира секоја закана“, пишува „Екатимерини“.

Турскиот провладин весник „Стар“, таа изјава ја гледа како „индиректна закана и предупредување за Кипар и Грција“.

Имено, Јилдирим, при претставувањето на новата подморница во Мармарис навел дека „додека Турција се бори против тероризмот и на домашно и на меѓународно ниво, некои сакаат да ја искористат ситуацијата, смислувајќи разни планови и замки во Егејското и Средоземното Море“.

Коментирајќи ја таквата ситуацијата, тој порачал дека, „без оглед за каква закана станува збор, Турција има начини и средства за да ја отстрани“.

Спонзорирано: