18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Штипскиот градоначалник потпиша Декларација против корупција

(МИА) – Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска оставри средба со  помошник Администраторот на Бирото за Европа и Евро-Азија во УСАИД Вашингтон, Брок Бирман, директорот на УСАИД  во Македонија, Дејвид Атебери и директорот на Канцеларија за развој во УСАИД  Македонија, Едвард Гонзалес.

Бочварски во нивно присуство ја потпиша и декларациајта против корупција.

– Потпишав и декларација против корупција, којашто верувам дека е еден убав поттик и за градоначалниците и за сите раководни функционери во Република Македонија да ја потпишат, со што ќе гарантираме дека ќе работиме и чесно и во интерес на сите граѓани во Република Македонија, рече Бочварски.

Администраторот на Бирото за Европа и Евро-Азија во USAID Вашингтон, Брок Бирман, вели дека во земјава доаѓа по повеќе од 10 години и забележува дека има големи промени. Декларацијата против корупција веќе ја потпишале 36 градоначалници, а оваа декаларција УСАИД ја реализира заедно со Хелсиншкиот комитет за човекови права.

-Импресионирам сум од убавите работи кои што се случуваат овде во Штип и од заложбите на градоначалникот, кој денеска ги даде и со потпишувањето на декларацијата против корупција. Но, исто така и со сите негови заложби на полето на човековите права, вели Бирман.

Штипскиот градоначалник своите денешни гости ги запозна и со идните проекти, меѓу кои и со гасификацијата на градот.

Ги запознав претставниците на USAID за сите проекти коишто почнуваме да ги реализираме со цел да им обезбедиме подобри услови на нашите сограѓани. Секогаш сакам да научам од подобрите, поразвиените земји од светот и останувам отворен за соработка и во наредниот период, рече Бочварски.

Спонзорирано: