4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Метео предупредување: Снег ќе ја затрупа цела Македонија, следува голема промена на времето

Денеска ќе се задржи облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови.

Oд недела ќе бидеме под влијание на студена и влажна воздушна маса од која ќе има врнежи од снег. Во крајниот југоисток врнежите ќе бидат најпрво од дожд.

Пообилни врнежи се очекуваат ноќта во недела и во понеделник во текот на денот, особено во западните и јужните делови.

До вторник се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.

Насекаде ќе се формира снежна покривка од околу 10 см, а на планините значително зголемување на истата (над 30см).