12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драган Данев и Александар Велјановски избрани за нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

На втората редовна седница Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука за нови членови на Извршниот комитет на партијата да бидат избрани, Драган Данев, кој воедно е и нов координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и Александар Велјановски, кој ја извршуваше функцијата претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Како што информираат од партијата, на седницата на Централниот комитет одржана во текот на вчерашниот ден се дискутирало и за актуелните политички случувања во државата, заостанувањето во реформската агенда, демократското назадување, влошувањето на економската состојба, како и за остварените посети на претседателот Христијан Мицковски во Европскиот парламент и САД.

„На седницата се дискутираше за се поголемото стагнирање на македонската економија и за безидејноста на оваа власт да се справи со овој предизвик. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да биде коректор на лошите економски политики, со свои сугестии и планови за подобрување на моменталната состојба“, се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски ги запознал членовите на Централниот комитет за посетите во Европскиот парламент, САД, Унгарија и балканските земји, Хрватска, Словенија и Србија. Притоа истакнал дека овие посети и средби со голем број на политичари биле со цел за да бидат запознаени поддржувачите на Македонија за состојбата во која се наоѓа државата. Претседателот на опозициската партија посочил дека на своите соговорници им сугерирал дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму со сите свои сили и можности ќе продолжи да се бори за правата и еднаквостите на граѓаните на Република Македонија и ќе продолжи да чекори рамо до рамо со своите десничарски сестрински партии, во Европа, но и во светски рамки.

Спонзорирано: