11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во пензија ќе се оди на 67 години?

Премиерот Зоран Заев денеска на седница за пратенички прашања во Собранието изјави дека секоја година државата ја покрива дупката во ПИОМ и оваа година таа е приближно 500 милиони евра.

„Тоа се пари што државата мора да ги внесува во Фондот и ако не е тоа, тие пари би се користеле за изградба на патишта, школи, болници“ – рече Заев.

Тој најави можно зголемување на возраста за пензионирање и на придонесите за вработени.

„Oва е важно прашање зошто актуелнитe пензионери се загрижени, но идните пензионери треба да бидат уште позагрижени. Треба да бидеме загрижени за стабилизирање на ПИОМ. Логиката за падот на невработеноста значи дека тој треба да се полни, но тој создава се поголем дефицит. Знаете дека годините на пензионирање пораснаа опционо 67 за маж, 65 за жени, и тоа треба да значи дека Фондот се полни, но тој создава поголем дефицит. Фондот постојано се празни. Ако сакаме нормално и здраво да зборуваме, чесно треба да зборуваме и некои работи да ги донесеме во нормала“ – објасни Заев.

Ако не се постигне целта да се заздрави економијата и да се крене стандардот, ќе мора, поради дупката во ПИОМ, да зголеми возраста за пензионирање и височината на придонесите, кажа Заев.

„Ако не биде така, јас мора да ги соопштам и непопуларните мерки што би се презеле.

Тоа се покачување на годините за пензија и да ги зголемиме придонесите.

Но, тоа мора да го издржи економијата, оти ваквата мерка може да одврати инвестиции. Затоа сме насочени кон издржани мерки.

Но и опозицијата мора да биде тука, да испраќаме сигнали за силна држава. Целото ова како механизам мора да биде ставено на здрави основи, без популизам.

Се надевам нема да се покачи старосната граница и нема да се покачат придонесите. Но, тоа ќе значи дека е јака економијата“ – рече Заев.

Тој кажа дека е ангажирана Светската банка да се направи комплетна анализа на ПИОМ, на сите влезни и излезни податоци, но и да се провери дали секој што добива пензија, има законска основа да ја прима, како и за тие работни места што се субвенционирани.

Спонзорирано: