15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Јавноста чека одговор од Заев за истрагата за корупција против двајца членови од Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека јавноста уште чека одговори од премиерот Зоран Заев за тоа до каде е истрагата за корупцијата на двајцата членови од неговата Влада, која беше најавена.

За 9 месеци, додаде тој, оваа Влада нема преземено ниту еден единствен чекор за сузбивање на корупцијата, која го разјадува општественото ткиво.

„Неефикасното и зависно судството останува рак рана, неефикасни институции, отсуство на професионалност во раководниот кадар на полицијата, исклучително корумпиран менаџмент во здравството, како и широко распротранета корупција на институциите кои се во непосреден допир со граѓаните, се само дел од големата слика за тоа каква држава сме денес“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Владата ветувала општество во кое нема место за корупција. „Но, што добиваме: и официјално Република Македонија е означена како најкорумпирана држава во Европа“, рече Мицкоски.

Македонија, додаде тој, не смее да се претвори во место каде што граѓаните за да стигнат до една обична услуга, која природно им припаѓа, мора да потплатат.

Спонзорирано: