15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва Стојанче Ангелов се огласи на фејсбук во врска со отстранувањето на споменикот на Ќосето – еве што порача

Андон Ќосето (1854-1953), херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата, порача генерал Стојанче Ангеллов на својот Фејсбук профил.

Генералот Ангелов смета дека Ќосето заслужува да има споменик на некое репрезентативно место.

„За жал, поради масовната (зло)употреба на неговото име во дневно-политички и други цели, неговиот лик денес е извалкан и буди негативни емоции кај дел од македонскиот народ.

Но, без разлика на неговата патриотска величина, сепак, на споменикот на Ќосето местото не му е пред Судот.

Ќосето не бил судија, ниту пак судел. Ќосето пресудувал. Им пресудувал на лицата на кои им судела Организацијата.

Затоа, споменик на Андон Ќосето треба да има, но на некоја друга репрезентативна локација од која нема да буди негативни емоции и асоцијации“, напиша Ангелов.

Спонзорирано: