19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба Заев- Јазбец: Словенија преку грантови ќе ги помага македонските општини

Премиерот Зоран Заев се сретна со словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Јазбец, кој пренел оценка дека се чувствуваат позитивните промени во земјава и му честитал на македонскиот премиер за ефектите од засилената дипломатска активност што ги отвораат перспективите на државата кон ЕУ и НАТО, но и за економски развој и квалитетен живот на македонските граѓани.

На средбата е заеднички констатирано дека се создадени услови за интензивирање на искреното, многугодишно пријателство што го имаат двете држави. Во таа насока договорени се повеќе конкретни чекори за грантови и инвестиции во проекти за питка вода и за отпадни води, што ќе бидат значајни за општините и жителите во внатрешноста во Македонија.

Словенечкиот амбасадор Јазбец го пренесе интересот на словенечката Влада, како и на фирми од Словенија за учество во вакви инвестиции, што се разгледува да се реализираат и со вклучување на Владата, на општините и на приватни домашни ресурси, согласно со потребите. Отворени се можности и за соработка во други области коишто исто така се однесуваат на директните потреби на граѓаните за подигнување на квалитетот на живот. На средбата се разговараше и за политичката клима во двете држави и за претстојната официјална посета на словенечкиот премиер Миро Церар на Република Македонија.

Спонзорирано: