12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германија одлучува, Европа стравува: Ќе се забранат ли дизелашите?

Германскиот Управен суд во Лајпциг ја одложи одлуката за тоа дали големите градови можат да забранат користење на стари дизел возила кои го загадуваат воздухот.

Одлуката која би можела да погоди речиси 15 милиони возила на најголемиот автомобилски пазар во Европа е пролонгирана за 27 февруари.

Откако во САД е откриено како Фолксваген ги лажирал тестовите на дизел моторите, во Германија засилени се критиките и повиците за забрана на возила со дизел мотори.

Иако и другите земји разгледуваат слични мерки, забраната за дизел мотори во „местото на раѓање“ на модерната автомобилска индустрија би бил жесток удар, па дури и за владата на Ангела Меркел.

Локалните судови во Штутгарт и Дизелдорф претходно донеле забрана за дизелаши кои немаат најнови стандарди за заштита од загадување, но државата се жалела и случајот завршил на Сојузниот управен суд.

Спонзорирано: