12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Проектни тимови од Гевгелија и Банско ги анализираа досегашните заеднички активности

(МИА) – Претставници на проектните тимови од општините Гевгелија и Банско на дводневната средба по направените анализи за досегашните и идните заеднички активности, констатираа дека изведбените работи околу уредувањето на излетничкото место „Динќут“ се одвиваат според планот.

Реализацијата на овој проект почна пред еден месец со финансиска подршка од Програмата за прекугранична соработка ИПА Интеррег 2014-2020 во износ од 170.000 евра наменети за афирмација на природните и културните вредности за подобра видливост и пристап во пограничниот регион на Македонија и Бугарија, а треба да заврши најдоцна до крајот на годинава.

Проектните тимови на средбата во Гевгелија направија осврт за прогресот на досегашните активности и анализа на тешкотиите и предизвиците кои се јавуваат при имплементацијата.Тие се сретнаа и со гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков на која беше договорено повторно заедничко аплицирање и партнерство во проекти од вториот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка.

Спонзорирано: