15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Марија и Анастасија заминаа во смрт: Малолетните полусестри најдени на тротоар откако скокнале од 10-ти спрат

Руската полиција покренала голема истрага за смртта на две полусестри, за кои постојат сомневања дека скокнале од десеткатница, а постојат индиции дека станува збор за последици од злогласната игра „Син кит“.

Имено, Мариа Виноградова (12) и нејзината полусестра Анастасиа Светозарева (15) се пронајдени мртви на тротоар пред зграда во Изхевск, пренесе Дејли Мејл.

За Мариа утврдено е дека била вознемирена и депресивна откако мајката ја однела на гинеколог поради врска која ја имала со дечкото Димитриј.

Мајката, наводно, била бесна поради нејзиното момче.

https://www.youtube.com/watch?v=u6g31kkgimc

Стотици руски деца и тинејџери, се верува, си го одзеле животот во последниве неколку години откако им бил „испран мозокот“ во онлајн играта „Син кит“ во која потребно е да се направат 50 чекори, а играта завршува со самоубиство.

Неколку моменти пред смртта, Мариа објавила фотографија од момчето и порака упатена до него

„Прости ми, те молам. Те сакам многу. Знам дека ќе пронајдеш подобра од мене.“

Анастасиа снимила видео во кое говори:

„Збогум на сите! Ве сакам! Тоа е вистина! Ве сакам многу, многу!“

Спонзорирано: