9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе фрчат смени во Владата: Кои се имињата на функционерите со кои ќе се збогува Заев?

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Призма“ за пролетва најавува можни кадровски промени во инситуциите, а „рекапитуларот“ по десет месеци од изборот на Владата, како што вели, може да предизвика и нејзина реконструкција.

– Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да заврши како рефлексија во самата институција.

-Ќе следуваат кадровски промени.

-Не сакам никој да ја изгуби шансата.

-Ако не е за првото место, можеби ќе биде за второто, третото, четвртото…Има огромен дел кои многу сакаат да се докажат, но не знаат.

– Тука се и новите генерации кои доаѓаат, и веројатно, паралелно и учат. Има дел кои знаат и се трудат. Има дел кои ниту знаат, ниту се трудат, вели Заев.

– Рекапитуларот ќе се случи десетте месеци од стартот на Владата, напролет, кога на дел од нив ќе им се заблагодариме, додаде премиерот Зоран Заев.

– Немаме многу време, а граѓаните чекаат резултати. Рекапитуларот може да предизвика и реконструкција.

Може да има промена на директори, но и промена на министри, на државни секретари… – вели Заев во интервјуто.

Спонзорирано: