12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Дуа Липа и Стормзи триумфираа на Британските музички награди

(МИА) – Пејачката Дуа Липа и нејзиниот колега Стормзи ги освоија најпрестижните признанија на Британските музички награди.

Липа ја доби наградата за најдобар женски изведувач и за ѕвезда во подем, додека раперот од јужен Лондон беше прогласен за најдобар британски машки изведувач, а ја освои и наградата за албумот на годината.

Ед Ширан, иако беше номиниран во четири категории, си замина само со наградата во категоријата за глобален успех.

Фу Фајтерс го добија признанието за најдобра меѓународна група, а раперот Кендрик Ламар и пејачката Лорд се прогласени за најдобри меѓународни соло изведувачи во машка и женска конкуренција.

Дуа Липа е родена во Лондон, а нејзините родители потекнуваат од Косово. Таа пред да се занимава со музика, беше ангажирана и како модел.

Нејзиниот најголем хит „Нови правила“ ја надмина бројката од милијарда прегледи на Јутјуб.

Спонзорирано: