3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автобус падна во бездна, најмалку 44 мртви во големата трагедија што се случи во Перу

Во јужен Перу од патот излета двокатен автобус, кој падна во длабока бездна.

Во несреќата загинаа најмалку 44 лица, соопшти перуанската полиција.

Полицијата додаде дека во несреќата повреди добиле 20 лица, но напомена дека не е познат точниот број на луѓе што се превезувале со автобусот.

Хеликоптерите на воздухопловните сили помагаат во спасувањето.

Причината за несреќата засега не е позната, но сообраќајни несреќи предизвикани од невнимателно возење на неодржуваните планински патишта секоја година носат дестина животи во Перу.

Спонзорирано: